19/04/2024
Струга

Жител од Корошишта излетал од коловоз

На 05.11.2018 година околу 22:40 часот на локалниот пат село Ливада- село Корошишта во Струга, Б.С.(17) од село Теферич, струшко, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Б.С. и сопатникот Б.П.(33) од село Биџово, струшко. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“-Охрид Увид на место извршила екипа од СВР Охрид.