19/04/2024
Охрид

Жител од Рача лажно го пријавил своето киднапирање

На 17.04.2020 година, во 22.10 часот, СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР, го пронајде Б.П.(33) од охридската населба Рача.

Тој, на 16.04.2020 година во 13:05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица кои, му барале пари за негово ослободување.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување кривично дело.