29/03/2024
Струга

Жител од Радолишта избегнал полициска контрола и покрај испуканите предупредувачки куршуми

На 20 декември оваа година, во 23 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на струшкото село Враништа, полициски службеници запреле патничко моторно возило марка „Голф“, управувано од М.М.(32) од струшкото село Радолишта. По издадена наредба да излезе, М.М. го стартувал возилото и избегал, при што повлекол еден полициски службеник.

Во тој момент, од друг полициски службеник биле испукани два предупредувачки проектили во воздух, но М.М. не застанал.

По преземени мерки, возилото „Голф“ е пронајдено во селото Радолишта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.