28/03/2024
Струга

Жител од Радожда нападнат во близина на авто-кампот Ливадиште

На 19.05.2019 година во 14 часот, во близина на Авто кампот „Ливадиште“ кај Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.К.(68) од Струга врз Р.С.(38) од селото Радожда. Тој се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга.

Напаѓачот М.К. е повикан во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава.