23/04/2024
Струга

Жител од с.Јабланица нападнат од непознати лица додека сечел дрва

Вчера (15.10.2018) во 18:50 часот во Полициската станица Струга, Н.Б.(39) од село Јабланица, струшко, пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот, додека се наоѓал на патот за село Богојци за да врши сеча на дрва со претходно добиена дозвола, физички бил нападнат од неколку непознати лица.

Според пријавата, на местото прво дошло едно лице кое било облечено во зелена облека со натпис од Шумско стопанство и не му дозволило да ја изврши сечата. По кратко време со возила дошле уште неколку лица, кои по кратката расправија физички го нападнале Н.Б.. После тоа, Н.Б. бил однесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.