19/04/2024
Струга

Жителка од Радолишта заработи кривична поради загрозување со опасно орудие при тепачка или караница

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Х.М.(41) од село Радолишта за сторено кривично дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 07.02.2018 година во село Радолишта во домот на Ј.Х.(70), при караница помеѓу пријавената и нејзиниот сопруг, којшто е син на Ј.Х., истата по упатени закани физички го нападнала Ј.Х., и со нож го расекла во пределот на главата и челото.