29/03/2024
Охрид

Златен медал за ТВ Морис на Интернационалниот фестивал „Профест 2018“ во Бачка Топола, Република Србија

Викендов во градот Бачка Топила – Република Србија се одржа Деветиот фестивал на авторскиот филм на земјите од Дунавскиот регион, ПРОФЕСТ 2018 кој ја обработуваше конкурсната тема „Убавина на различноста“. Телевизија Морис од Охрид зеде учество со филмот „Осамена куќа“ за кој ја доби престижната награда „Гран при“, односно првото место во категоријата за телевизиски труд – златен медал.

Филмот зборува за болната тема „Миграција“ на населението на релација село – град што се случуваше на Балканскиот полуостров веднаш после Втората светска војна. Изработен во авторство на Јован Трпески по текст на Трајан Мартиноски, режија на Снежана Липковска и монтажа на Кристина Алексиеска. Вечерта на доделувањето на наградите помина во име на македонските автори. Високо признание доби и филмот „Локални херои“ од авторот Зоран Димов од БТР продукција – Скоје.

На фестивалот беа пријавени 182 трудови од 14 земји од регионот на Подунавието. Низ беспрекорна организација, победниците беа прогласени во излетничкото место Панонија, инаку прогласено во Холандија пред неколку години како најуредено село во Европа.

Покрај повеќето добиени признанија од меѓународен карактер, за Телевизија Морис ова е првото злато. Се надеваат дека ќе ги има повеќе.