28/03/2024
Спорт

Златен медал за Емил Павлов на К1 Премиер-лигата во Салцбург, Австрија

Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија откако во финалниот меч со 5-4 го совлада актуелниот светски шампион, Италијанецот Анџело Крешенцо. Павлов до победата стигна буквално со поен освоен во последната секунда и повторно како и на Европското првенство во 2019 година беше подобар од Италијанецот Крешенцо. Оваа победа е голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство и квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Токио.

Во борбите од главниот жреб кои се одржаа во петокот во полуфиналето Павлов беше подобар од Казахстанецот Даркан Асадилов со 2-1, а претходно ги добиваше и Мохамед Фахед од Јордан со 3-2, Ненад Дуловиќ од Црна Гора со 1-0 и Јертанек Баитурејев од Казахстан со 4-0.

Од останатите македонски каратисти Петар Спасеновски и Вероника Костовска го освоија седмото место, додека Фахик Весели заврши како деветопласиран.

За сите резултати од ова првенство на следниот линк:

https://www.sportdata.org/wkf/set-online/popup_main.php?popup_action=results&vernr=381&active_menu=calendar