28/03/2024
Македонија

Златниот медал „Блаже Конески“ за професор Јуми Накаџима од Јапонија

Во посета на Македонската академија на науките и уметностите, престојуваше професор Јуми Накаџима, истакнат јапонски славист и македонист, добитник на високото признание златниот медал „Блаже Конески“ за 2018 година што го доделува МАНУ.

Професорката Накаџима, беше примена од академик Луан Старова, потпретседател на МАНУ, кој свечено и го предаде медалот „Блаже Конески“, во присуство на членови на МАНУ, амбасадорката на Јапонија во Скопје, госпоѓа Хеико Канеда и други гости.

Академик Старова ја истакна посветеноста на проф. Јуми Накаџима за афирмацијата на македонистиката во Јапонија и воопшто во светот, со што, таа заслужено е носител на медалот „Блаже Конески“ што го доделува МАНУ како свое највисоко меѓународно признание од областите на своето дејствување.

Во своето обраќање, професор Накаџима изрази благодарност на вниманието што и укажано, особено што признанието го носи името на Блаже Конески, името големиот македонист и еден од основоположниците на МАНУ, со кого таа имала чест да соработува.

Веле Митаноски