25/04/2024
Македонија

ЗНМ и ОБСЕ: Обезбедени заштитни средства за новинари и медиумски работници

Здружението на новинарите (ЗНМ) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје информираат дека денеска започна дистрибуцијата на пакетите со заштитни средства за медиумите од Северна Македонија.

Секој од пакетите содржи заштитни маски, ракавици, наочари, средства за дезинфекција и друго. Пакетите ќе бидат дистрибуирани до медиумите во текот на наредните неколку дена.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски рече дека информирањето денес е важно и мораме да направиме се за да ги заштитиме новинарите, со цел вистинската вест да стаса до граѓаните. „Медиумските работници се на првите борбени линии, изложени на секакви опасности, а како што можеме да видиме и на опасноста да бидат заразени. Заштитени истражуваме, објавуваме и информираме. Коронавирусот е опасен, но исто толку опасна е и заразата да останеме неинформирани за тоа што се случува околу нас во оваа вонредна состојба што ја живееме“, истакна тој и додаде: „Затоа ЗНМ во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбеди 150 пакети со различни средства, неопходни за физичка заштита на новинарите и медиумските работници, која сега во пикот на заразата ќе биде поделена на околу 100 медиуми (радија, телевизии, весници, портали) од Скопје, но и од другите градови од државата.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која истакна дека новинарите играат клучна улога во информирање на јавноста за пандемијата. „Новинарите и медиумските работници може да бидат изложени на вирусот при нивните патувања и средби со граѓаните. Ни претставува задоволство што во соработка со Здружението на ноавинари успеавме да обезбедиме заштитна опрема за новинарите додека тие трагаат по клучни информации за јавноста,“ рече тој.​