29/03/2024
Македонија

Зоолошка градина Скопје донираше 100 000 денари за Сара

Изминатиот викенд во Зоолошка градина Скопје се одржа хуманитарна акција за Сара, на која граѓаните донираа околу 50 000 денари. Но, Зоолошка градина Скопје реши да донира и дополнителни 100 000 денари од продажбата на билетите, со надеж дека малата Сара Настеска од Охрид што побрзо ќе замине на лекување.

Доколку сте во можност да помогнете уплатата може да ја извршите на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Или на телефонските броеви: 143 102 Телеком, 143 480 ВИП