05/12/2024
Македонија

Владата на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стратагем Интернешнл за спроведување кампања од јавен интерес за референдумот

Со цел транспарентно известување, Владата на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка со консултантската компанија Стратагем Интернешнл за консултантски услуги кои ќе овозможат спроведување на кредибилен, фер и транспарентен референдумски процес.

Целта на овој меморандум е да се обезбедат консултантски услуги во спроведувањето на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот, базирана на принципите на објективност, транспарентност и рационалност.

Согласно Меморандумот за соработка меѓу Владата на Република Македонија и консултантската компанија Стратагем Интернешнл, услугите опфатени со него немаат финансиски импликации за Владата на Република Македонија.