Во два одделни случаи во сообраќајки повредени три лица

На 04.05.2020 во 11.10 часот било пријавено дека на магистрален пат Охрид- Кичево Е.А.(41) од с.Лабуништа, струшко, управувајќи патничко возило „БМВ“, со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил совозачот С.Н.(30) од с.Лабуништа, по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
На 04.05.2020 во 16.13 часот било пријавено дека во Охрид, на раскрсницата од бул.„Туристичка“ со бул.„Просветители“, патничко возило „мазда“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(22) од Охрид, удрило во велосипед, управуван од А.П.(77) од Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот,  по што бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.