Градоначалникот Стојаноски на годишниот собир на Египќаните од Охрид

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски  присуствуваше на годишниот собир на Египќаните „Звукот на Египет“ што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“. Во рамки на случувањето беше отворена изложба на фотографии низ кои е прикажан животот на Египќаните во Охрид и охридско  во минатите 100 години, а историски час одржа доц. д-р Никола Митровиќ.

На настанот здружението на Египќани „ Пирамида“  му додели  благодарница на градоначалникот Јован Стојаноски  кој беше генерален покровител на годишната манифестација, а благодарници добија и директорите на јавните претпријатија „Охридски Комуналец“ и „Градски Гробишта“, Љупчо Грданоски и Ванчо Костоски за континуирано помагање на културните настани на Египќаните од Охрид.