Дежурните пунктови „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“, за викенд ќе работат 24 часа за преглед на деца со симптоми на морбили
Министерството за здравство ја известува јавноста дека поради зголемениот број на пациенти заболени од морбили, преземаме дополнителни мерки да се спречи ширењето на болеста.
Имено, на три пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит- пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот. Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови.
Досега на Клиниката за детски болести се евидентирани 8 заболени вработени кои предходнодно биле вакцинирани против морбили и 4 деца пациенти.
Ја потсетуваме јавноста дека останува на сила забраната за посета на градинките од деца кои не се вакцинирани со МРП вакцината. Децата од училишна возраст задолжително да се вакцинираат ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП. Сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален стаус, да го направат тоа најбрз рок.
Министерството за здравство ги презема сите законски мерки со кои се делува во епидемија, но напоменуваме дека сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста да се сфатат сериозно и без отстапки.
Напоменуваме уште еднаш дека станува збор за многу сериозно заболување кое предизвикува сериозни здравствени компликации. Болеста се пренесува од заразено лице на друго лице со кашлање, кивање и по капков пат.
Напоменуваме уште еднаш дека станува збор за многу сериозно заболување кое предизвикува сериозни здравствени компликации. Болеста се пренесува од заразено лице на друго лице со кашлање, кивање и по капков пат.