Заев за ТВ 21: Се случи страшна трагедија во сообраќајна несреќа, имаме информација дека животот го загубиле 46 македонски граѓани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев првата изјава за медиумите во врска со трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија ја даде на пат кон Бугарија, непосредно пред пристигнувањето во Софија.

Во изјавата за ТВ 21 премиерот Заев рече:
Се случи страшна трагедија на автопатот Струма од Софија кон Благоевград, македонски автобус враќајки се од Истанбул – Турција од екскурзија. Трагедијата е на раскрсницата каде што 53 патници биле во автобусот, 46 се погинати на лице место, 7 во болницата во Софија. 

Јас, министерот за здравство, министерот за надворешни работи сме веќе пред Софија. Тргнавме рано сабајле да ги посетиме болните и да се информираме за причините за оваа страшна трагедија што се случува, а жално помлади од 18 години се 12 деца, а и другите млади сите што се внатре. Навистина страшна трагедија, огромна трагедија. Сочувство за семејствата. Луѓето ни потврдија дека се наши граѓани, ни потврдија дека се во добра состојба 7-те души кои што се во болницата и за тоа одиме таму да се информираме од прва рака и да ги дознаеме сите детали за трагедијата. 

Штом ќе се информираме ќе ја информираме и јавноста за деталите. Да видиме прво дали може да бидеме од помош за нешто за преживеаните а и секако да со бугарски експерти и нашите експерти стапат во комуникација да видиме дали е јасно утврдена причината за несреќата заради тоа што нашите граѓани, а пред се семејствата ќе бараат информации