Заев и Николовски: Повеќе нема недопирливи, Владата и граѓаните се на истата страна во борбата против корупцијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, по владината седница на која беше усвоен Планот за борба против корупцијата, на прес-конференција информираа за деталите и ги претставија мерките за синхронизација на институциите на системот за негова оптимална поставеност за борба против сите феномени на корупција, на судир на интереси и на непотизам, на сите нивоа, како една од нај подмолните закани за општеството и за сите граѓани во него.

Премиерот Заев соопшти дека планот е производ на политичката волја, со кој Влада ќе се избори за искоренување на корупцијата и за тоа се воспоставени јасни механизми за соработка меѓу сите институции, а воедно да се охрабрат и граѓаните и медиумите да зборуваат јавно и гласно.

„Тоа придонесува за ред, правда и дисциплина. Сериозно ги зедовме предвид забелешките од последниот извештај на „Транспренси интернешнел“ и ги вградивме во овој План. На тој начин ги елиминираме пречките и поставуваме функционален систем за институциите кои стојат во првите борбени редови против корупцијата. Тие ќе го спречуваат, препознаваат и санкционираат секој вид на корупција во сите редови на власта без исклучок. Владата и граѓаните се на истата страна во борбата против корупцијата“, истакна премиерот Заев.

Тој посочи дека Планот има за цел да спречува корупција на актуелната власт, но и да ги открива и демонтира коруптивните инсталации на режимското владеење пред нас.

„Овие инсталации се продрени до најситните пори на институциите. Тие го попречуваат функционирањето на системот, вклучувајќи го и правосудството. Тогашното режимско владеење на сегашната опозиција го трошеше парите на народот за да се богатат тие и партијата. Тие ја одгледуваат корупцијата, ја всадија и толерираа насекаде, за да им биде простено за нивните злодела. Епа, не им е простено, оти тоа не го правеле од незнаење или несвесно, туку смислено, намерно, злонамерно“, наведе претседателот на Владата Заев.

Тој нагласи дека Владата е одлучна и дека е дојдено времето во целост да се демонтираат режимските остатоци кои го скапуваат системот, а да се воздигнат службите кои чесно им служат на граѓаните.

„За ваквите злодела, против претходната криминална власт, денеска се водат судски постапки, некои се осудени, некои се уште се судат. Додека тие одговараат пред лицето на правдата, ние продолжуваме со демонтажа на нивните остатоци по системот. И нема да запреме додека не завршиме во целост со тоа. И да, секој од нас треба да е свесен, дека ако било кој помисли да го прави истото, треба да е спремен да се соочи со правдата – а правдата е тука, ете ја, секој ден по рочиштата и низ судниците. И додека тие се бореа да нема правда, ние, уште од првиот ден на првиот мандат почнавме со активна транспарентност. Тоа е антикорупциски лек за многу системски болести низ системот“, истакна премиерот Заев.

Премиерот Заев посочи дека оваа Влада постави стандард од кој нема враќање назад и воведе ред и домаќински однос при трошењата.

„Како ретко која земја, го отворивме трезорот. Граѓаните, медиумите, можат да ја следат секоја трансакција направена со парите на граѓаните. За кус период од сега ги очекуваме и новите унифицирани веб-страни на министерствата кои ќе бидат услужно-ориентирани и според највисоките стандарди за транспарентност. Овие и другите мерки за зголемување на транспарентноста ја позиционира нашата Влада на прво место во регионот по отвореноста и транспарентноста според истражувањата на граѓанските организации веќе неколку години по ред“, информираше премиерот Заев.

Тој посочи дека Влада покажа одлучност за спречување неодговорно владеење и преку усвоениот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, кој даде резултати веднаш и овозможи санкционирање на неетичко однесување на неколку функционери, а воедно испрати порака до сите останати, дека неетичкото однесување нема да остане неказнето.

„Нашата антикорупција значи постојано вклучен аларм за штетното и разорно дејство на корупцијата, со цел заедно со граѓаните да се спротивставиме и на најситното подмитување. Медиумите сега откриваат и известуваат за случаи за кои порано на власта не и се слушаше, а подоцна за таквото известување се затвораа цели медиумски куќи. Ги охрабрувам медиумите и понатаму да го прават тоа низ нивното секојдневно известување и особено преку истражувачкото новинарство да продолжат да бидат партнери на граѓаните во оваа борба. Со разрешници на предметите за висока корупција и докажавме на опозицијата дека залудни се обидите за дејствување против правната држава. Граѓаните веќе сведочат дека нема привилегирани и недопирливи. Казната за корупцијата ги опфаќа сите“, нагласи премиерот Заев.

Осврнувајќи се на деталите од Планот, вицепремиерот Николовски информираше дека тој е подготвен врз основа на сите препораки и предлози од надлежни институции, невладини организации, независни тела, како и согласно релевантните домашни и странски извештаи и дека содржи нови начини и соодветни механизми за спречување и искоренување на корупцијата.

„Донесовме нов поприменлив Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, со кој се уредува начинот на однесување и работење не само на претседателот, министрите и замениците на министрите во Владата, туку до најниско ниво, на сите носители на извршни функции именувани од Владата. Досега над 300 именувани функционери го имаат потпишано Етичкиот кодексот“, соопшти вицепремиерот Николовски.

Заменик-претседателот на Владата Николовски информираше дела се исполнети препораките од ГРЕКО, има лице за интегритет и за судир на интереси, регистар за строга евиденција за примање подароци, транспарентно се објавени имињата и ќе се обезбеди тест за интегритет на советниците на функционерите.

„ Го кренавме нивото на соработка меѓу сите надлежни антикорупциски владини институции, но и со независните тела. Обезбедивме нови простории за ДКСК, како и повисок буџет, обезбедивме и 49 милиони денари за потребниот Регистар за избрани и именувани лица, но и поврзување на Државната комисија за спречување на корупција  со останатите 17 институции од коишто треба да ги црпат релевантните информации. А паралелно редовно се постапува по сите доставени иницијативи до Владата од страна на ДКСК. Веќе е во функција новиот Национален регистар на вистински сопственици, кој обезбедува точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на фирмите, за да не ни се случат Панами и Белизиња повторно. Го зајакнавме контролниот механизам, се зголемија надлежностите на сите инспекциски служби, тоа се покажа како функционално особено во овој тежок период на ковид.  Уште повеќе го подигнавме нивото на транспарентност и отчетност, што е главна одлика на оваа Влада во претходниот, но уште повеќе во овој мандат. Сите министерства и органи, но и сите општини и Градот Скопје, ги задолживме да ги објават на своите веб-страни сите  информации со кои ќе ја обезбедат својата висока транспарентност, како услов за да ги добијат средствата кои им следуваат од централниот буџет. Затоа имаат обврска за објавување на 22 различни типа на информации и документи пред граѓаните“, посочи вицепремиерот Николовски и додаде дека со Советот на Европа веќе се работи на проект за носење на Закон за потекло на имот.

Тој информираше, дека низ процес на подигање на нивото на дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор, се креираат мерки кои ќе придонесат за елиминирање на субјективното влијание во процесите и еднаква и правична примена на законите.

„Во рок од 30 дена Министерството за правда заедно со Јавното обвинителство од денеска се задолжени да направат анализа на потребните кадри, опрема, техника и простории, за истражните центри со цел да се зајакнат капацитетите на центрите, а со тоа и капацитетите на сите Јавните обвинителства. Дигитализацијата и екипираноста на истражните центри ќе го забрза процесот на решавање предмети. Мора да има брзо процесуирање и решавање на предметите.  Предметите не смеат да стојат во фиоки “, посочи вицепремиерот Николовски.

Заменик-претседателот на Владата Николовски соопшти дека со целосно дигитализирање на трите книги што ги води Управата за водење на матичните книги, граѓаните ќе можат електронски не само да аплицираат, туку на истиот начин и да ги добијат изводите.

„ Нема повеќе непотребни чекања на шалтери за вадење на изводи од матичните книги. Дополнително, за да се подобрат услугите за граѓаните и фирмите, во полна функција се става Централниот регистар на население, каде што на едно место веќе ги има сите податоци за граѓаните кои се содржани во личните карти, пасошите, државјанството и од книгите на Управата. Затоа денеска Управата е задолжена за интегрирање на сите овие податоци и регистри. На овој начин ќе се укине процедурата за вадење на различни документи и изводи за било која постапка што му е потребна на граѓанинот. Институциите ќе имаа каде да проверат  и да ги добијат информациите  што им требаат, наместо граѓаните и фирмите секој пат од ново да вадат нов документ. Конкретно ќе се бара само извод од Централен регистар на население, наместо сегашните копии од лична карта, пасош, државјанство, изводи од матична книга на родени  итн.“, посочи вицепремиерот Николовски.

Тој посочи дека со ставање во полна функција на Националната платформа за интероперабилност за седумте надлежни органи за борба против корупција, нема веќе да има ризици од застој на информации.

„ Никој не смее да затајува и забавува случаи каде има сомнежи за корупција. Со подготовка на електронскиот софтвер за поврзување на сите 28 инспекциски служби, ќе се намали субјективното и селективно влијание на инспекторот за време на инспекцијата – човечкиот фактор ќе се сведе на  минимум. Софтверот ќе овозможи, електронска распределба на инспекциските надзори и следење на истите, електронско генерирање на записниците од извршените надзори на лице место додека трае инспекцискиот надзор, како и зајакната координација на инспекторите од различни институции.  Нема простор, за компромис и договор за инспекциски надзори, нема сопствена одлука во кој објект да влезе инспекторот или не – сите се еднакви пред законите, секој што ги прекршил, ќе сноси одговорност.  Преку создавање на централна база за издавање на лиценци и дозволи, точно ќе се знаат условите, која фирма каква лиценца има. Сите овие податоци ќе бидат јавни и транспарентни. На овој начин овозможуваме фер конкуренција во бизнис секторот“, истакна заменик-претседателот Николовски.

Toj посочи дека се зајакнуваат и контролните механизми околу јавните набавки.

„Сите јавни институции треба да подготват интерни процедури за спроведувањето на јавните набавки врз основа на соодветни модули и спецификации за јавни набавки. На овој начин ќе се подобри квалитетот на набавките и транспарентноста при склучувањето на договорите. За отстранување на сите детектирани слабости кои може да доведат до недоследно придржување кон начелата за јавни набавки, ќе се направат измени на Законот за јавни набавки. Ќе се зајакне Управната контрола за набавките да бидат спроведени согласно законот и да се спречат евентуалните ризици од корупција при спроведувањето на јавните набавки “, соопшти Николовски.

Вицепремиерот информираше дека преку соодветни мерки ќе се актуелизира и примени конфискацијата на имот како системски механизам во борбата против корупцијата.

„За таа цел, во рок од три месеци МВР ќе подготви Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за 2021-2023. Паралелно ќе се формира Национална комисија, којашто ќе го мониторира имплементирањето на  Стратегијата, со што ќе се зајакне координацијата помеѓу надлежните институции за време на финансиските истраги во делот на следење на текот на парите, како и откривање на евентуално претопување, префрлање и прикривање на незаконски стекнатиот имот. Во целиот процес на превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрaција, за што во планот се предвидени десетици мерки“, истакна заменикот на претседателот на Владата.

Тој нагласи дека се детектираат слабите точки во постапките за вработување и унапредување на административните службеници и вработените во јавниот сектор, и во подготовка е план за соодветна измена на прописите.

„ Паралелно се подготвува и анализа на содржината и на спроведувањето на Етичкиот кодекс за административни службеници – најавуваме негова ревизија, подобрување и доближување до секој службеник. И секој службеник ќе знае дека носи одговорност. Бројот на членовите на УО нема да биде повеќе од 5 члена. При изборот на членовите на УО, квалификациите на кандидатот мора да кореспондираат со дејноста на институцијата, а не да бидат задоволувања на нечии лични потреби. Како последица на режимски наштиманите конкурси во минатото, сè уште се соочуваме со нелогични огласи во кои некој предвидел несоодветен кадар за соодветна институција“, истакна Николовски.

Тој информираше дека сите институции мора да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција.

„Сите институции мора  да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција. На овој начин ја подигаме свеста кај граѓаните и ги охрабруваме да пријавуваат  случаи на коруптивно делување. Во рок 30 дена назначените лица треба да бидат објавени јавно на веб-страните на институциите“, нагласи Николовски.

На прес-конференцијата премиерот Заев и вицепремиерот Николовски истакнаа дека граѓанинот е секогаш на прво место, и дека на овој начин се подига свеста кај граѓаните и се охрабруваат да пријавуваат случаи на коруптивно делување.

На прес-конференцијата беше истакнато дека борбата против корупцијата е процес во којшто треба соработка и придонес од секого и со таа цел уште повеќе се ја зајакнува координацијата меѓу надлежните институции, министерствата, независните институции како што се ДКСК и судовите, невладиниот и приватниот сектор.


Премиерот Заев: Владата и граѓаните се на истата страна во борбата против корупцијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, по владината седница на која беше усвоен Планот за борба против корупцијата, на прес-конференција информираа за деталите и ги претставија мерките за синхронизација на институциите на системот за негова оптимална поставеност за борба против сите феномени на корупција, на судир на интереси и на непотизам, на сите нивоа, како една од најподмолните закани за општеството и за сите граѓани во него.

Премиерот Заев нагласи дека Владата е одлучна да примени ефикасни механизми за спречување и искоренување на корупцијата и во целост да се демонтираат режимските остатоци кои го скапуваат системот.

Обраќањето на премиерот Заев ви го пренесуваме во целост: 

„Доаѓаме од онлајн седницата на Владата на којашто го усвоивме  Планот за борба против корупцијата.
Два месеци после  објавата на владината „Акција 21- Европски стандарди дома“,  каде првите два приоритети се „Прочистувањето во правосудството“ и „Борбата против корупцијата“, денеска Владата ги усвои деталите од својот антикорупциски план. 
Планот е производ на политичката волја, како Влада да се избориме за искоренување на корупцијата. За тоа воспоставивме јасни механизми за соработка меѓу сите институции и ги охрабривме и граѓаните и медиумите да зборуваат јасно, јавно и гласно. Тоа придонесува за ред, правда и дисциплина. 
Сериозно ги зедовме предвид забелешките од последниот извештај на „Транспренси интернешнл“ и ги вградивме во овој План. На тој начин ги елиминираме пречките и  поставуваме функционален систем за институциите кои стојат во првите борбени редови против корупцијата. Тие ќе го спречуваат, препознаваат и санкционираат секој вид на корупција во сите редови на власта без исклучок. 
Владата и граѓаните се на истата страна во борбата против корупцијата.
Планот има за цел да спречува корупција на актуелната власт, но и да ги открива и демонтира коруптивните инсталации на режимското владеење пред нас. Овие инсталации се продрени до најситните пори на институциите.  Тие го попречуваат функционирањето на системот, вклучувајќи го и правосудството.
Тогашното режимско владеење на сегашната опозиција го трошеше парите на народот за да се богатат тие и партијата. Тие ја одгледуваат корупцијата, ја всадија и толерираа насекаде, за да им биде простено за нивните злодела. Епа не им е простено оти тоа не го правеле од незнаење или несвесно, туку смислено, намерно, злонамерно. 
Одлучни сме и дојдено е времето во целост да ги демонтираме режимските остатоци кои го скапуваат системот а да ги воздигнеме службите кои чесно им служат на граѓаните.
За ваквите злодела, против претходната криминална власт, денес се водат судски постапки, некои се осудени, некои сè уште се судат. Додека они одговараат пред лицето на правдата, ние продолжуваме со демонтажа на нивните остатоци по системот. И нема да запреме додека не завршиме во целост со тоа. И да, секој од нас треба да е свесен, дека ако било кој помисли да го прави истото, треба да е спремен да се соочи со правдата – а правдата е тука, ете ја, секој ден по рочиштата и низ судниците.
И додека тие се бореа да нема правда, ние, уште од првиот ден на првиот мандат почнавме со активна транспаретност. Тоа е антикорупциски лек за многу системски болести низ системот. Поставивме стандард од кој нема враќање назад.
Воведовме ред и домаќински однос при трошењата. Како ретко која земја, го отворивме трезорот. Граѓаните, медиумите, можат да ја следат секоја трансакција направена со парите на граѓаните. За кус период од сега ги очекуваме и новите унифицирани веб-страни на министерствата кои ќе бидат услужно-ориентирани и според највисоките стандарди за транспарентност.
Овие и другите мерки за зголемување на транспарентноста ја позиционира нашата Влада на прво место во регионот по отвореноста и транспарентноста според истражувањата на граѓанските организации веќе неколку години по ред. 
Нашата одлучност за спречување неодговорно владеење ја покажавме и преку усвоениот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, кој даде резултат веднаш и овозможи санкционирање на неетичко однесување на неколку функционери. Поважно, испрати порака до сите останати, дека неетичкото однесување нема да остане неказнето. 
Нашата антикорупција значи постојано вклучен аларм за штетното и разорно дејство на корупцијата, со цел заедно со граѓаните да се спротиставиме и на најситното подмитување.

Медиумите сега откриваат и известуваат за случаи за кои порано на власта не и се слушаше, а подоцна за таквото известување се затвораа цели медиумски куќи. Ги охрабрувам медиумите и понатаму да го прават тоа низ нивното секојдневно известување и особено преку истражувачкото новинарство да продолжат да бидат партнери на граѓаните во оваа борба. 
Со разрешници на предметите за висока корупција и докажавме на опозицијата дека залудни се обидите за дејствување против правната држава. Граѓаните веќе сведочат дека нема привилегирани и недопирливи. Казната за корупцијата ги опфаќа сите. 

Почитувани граѓани,

Вицепремиерот Николовски, неговиот тим,  мојот тим,  сите надлежни министерства, агенции и други институции, направивме увид во сите точки кои треба да ги поврзат институциите и поединците кои се најодговорни и најповикани да ги препознаат, спречат и казнат сите форми на корупција.

Беа одржани бројни консултации со најважните институции и граѓански организации како што се „Транпаренси интернашенл“, Државната комисија за спречување на корупцијата и многу други. Ги собравме најважните препораки и совети за да изготвиме план кој ќе даде брзи ефекти и ќе се применува веднаш. 

Заменик-претседателот Николовски ќе ви даде повеќе детали за сите мерки од Акцискиот план, а јас ќе се задржам само на некои од нив.

Влегуваме во целосно екипирање и дигитализација на Јавното oбвинителство како и истражните центри во рамки на основните јавни обвинителства со оперативни истражни центри за сите 23 основни јавни обвинителства во државата, заедно со Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. 

Дигитализацијата и екипираноста на истражните центри ќе го забрза процесот на решавање на предмети. Нема повеќе  чување на предмети по фиоки. Секој судски предмет мора да има брза разрешница.  

Започнува автоматизирање на поврзаноста и протокот на документи потребни за брзи постапки по предмети со препознаена корупција. Тоа ќе се случува преку усголасување на законите за дигитализација. Се воспоставува и  електронски систем за инспекција „Е-инспектор“ кој овозможува електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под јурисдикција на Инспекцискиот совет – со овој систем значително се елиминира човечкиот фактор и субјективниот пристап во водењето на предметите. Воведуваме целосно дигитализирање на трите книги што ги води Управата за водење на матичните книги, граѓаните ќе можат електронски не само да аплицираат, туку на истиот начин и да ги добијат изводите, наскоро следува и укинување на „вадењето изводи“.

Го усовршуваме функционирањето на системот на укажувачи за да го извлечеме максималните законски можности преку јасен протокол за заштита на укажувачите. 
Сите институции мора  да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција. На овој начин ја подигаме свеста кај граѓаните и ги охрабруваме да пријавуваат  случаи на коруптивно делување. Ќе водиме интензивна и одговорна јавна комуникација за да обезбедиме учество на граѓаните во оваа наша заедничка борба.

Ако било која граѓанин не е соодветно услужен или заради услугата која му следува е вовлекуван во корупција, тогаш службеникот треба да биде пријавен и тој ќе биде соодветно истражен, како и соодветно казнет. 

“Граѓанинот е секогаш на прво место, а ние сме тука за да служиме.”

Ова мора да го разбере секој еден во државната служба и администрација. Од мене до локалниот писар. Секој од нас да знае дека мораме да служиме. И ќе се погрижиме секој службеник ова да го дознае низ процесот на промоција на етичкиот кодекс кој се однесува на државните службеници, а кој преку овој план планираме да го унапредиме.

Почитувани,

Во текот сме на исклучително значајна година. 
„Акција 21“ значи ред, правда и дисциплина, и ништо помалку од тоа. 
Ве повикувам и вас почитувани граѓани, приклучете се, дајте максимум сега, кога сме најподготвени да си го направиме животот дома, подобар и поубав.

Благодарам.“


Вицепремиерот Николовски: Никој не е над законот, влегуваме во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Владата Зоран Заев, одржаа прес-конференција  по владината седница на која беше усвоен Планот за борба против корупцијата и информираа за деталите и ги претставија мерките за синхронизација на институциите на системот за негова оптимална поставеност за борба против сите феномени на корупција, на судир на интереси и на непотизам, на сите нивоа, како една од најподмолните закани за општеството и за сите граѓани во него.

На прес-конференцијата беше истакнато дека борбата против корупцијата е процес во којшто треба соработка и придонес од секого и со таа цел уште повеќе се ја зајакнува координацијата меѓу надлежните институции, министерствата, независните институции како што се ДКСК и судовите, невладиниот и приватниот сектор. 

Обраќањето на вицепремиерот Николовски ви го пренесуваме во целост: 

„Особено ми е драго, што на денешната владина седница, едногласно, од сите членови на Владата се усвои Планот за борба против корупцијата. 
Со овој план ги зајакнуваме капацитетите за нашиот широк фронт во борбата против корупцијата. Рековме дека оваа година ќе биде антикорупциска и така постапуваме. Ова се храбри политики за ред, правда, дисциплина, за враќање на довербата на граѓаните во институциите, за општество ослободено од корупција. И во оваа област граѓаните набрзо ќе ја воочат разликата.

Планот е подготвен врз основа на сите препораки и предлози од надлежни институции, од објавениот јавен Повик за доставување на предлози од страна на невладини организации минатиот месец, од независните тела,  како и врз основа на релевантните домашни и странски извештаи. Планот содржи нови начини и соодветни механизми за спречување и искоренување на корупцијата, и е продолжение на она што започнавме да го работиме пред шест  месеци. 

Уште на почетокот на мандатот, преземавме јасни чекори и започнавме со реализација на дел од планираните мерки. Донесовме  нов поприменлив Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, со кој се уредува начинот на однесување и работење не само на претседателот, министрите и замениците на министрите во Владата, туку до најниско ниво, на сите носители на извршни функции именувани од Владата. Досега над 300 именувани функционери го имаат потпишано новиот Етички кодексот, спроведена е обука на министрите за одредбите од Кодексот, а следната фаза е обука за сите останати именувани функционери во март и во април. 

Ги исполнуваме препораките од ГРЕКО, имаме лице коешто е назначено за интегритет и за судир на интереси, регистар за строга евиденција за примање подароци со кој е строго намалена сумата за примање на протоколарни подароци од странски и од домашни лица.   

Транспарентно се објавени имињата и од овој месец веќе се спроведува тестот за интегритет на советниците на функционерите, преку кој ќе се утврди нивото на интегритет и способноста за детектирање за евентуални ризици од корупција. 
Го кренавме нивото на соработка меѓу сите надлежни антикорупциски владини институции, но и со независните тела. Обезбедивме нови простории за ДКСК, како и повисок буџет, обезбедивме и 49 милиони денари за потребниот Регистар за избрани и именувани лица, но и поврзување на Државната комисија за спречување на корупција  со останатите 17 институции од коишто треба да ги црпат релевантните информации. А паралелно редовно се постапува по сите доставени иницијативи до Владата од страна на ДКСК.

Веќе е во функција новиот Национален регистар на вистински сопственици, кој обезбедува точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на фирмите, за да не ни се случат Панами и Белизиња повторно. Го зајакнавме контролниот механизам, се зголемија надлежностите на сите инспекциски служби, тоа се покажа како функционално особено во овој тежок период на ковид.  Уште повеќе го подигнавме нивото на транспарентност и отчетност, што е главна одлика на оваа Влада во претходниот, но уште повеќе во овој мандат. Сите министерства и органи, но и сите општини и Градот Скопје, ги задолживме да ги објават на своите веб-страни сите  информации со кои ќе ја обезбедат својата висока транспарентност, како услов за да ги добијат средствата кои им следуваат од централниот буџет. Затоа имаат обврска за објавување на 22 различни типа на информации и документи пред граѓаните. Со Советот на Европа веќе работиме на проект за конечно носење на Закон за потекло на имот.

И подготвени сме за уште многу работа. Затоа го подготвивме овој план, којшто содржи мерки што етапно ќе се реализираат во текот на годината, и очекуваме да дадат резултати и на краток, но уште повеќе на долг рок. Планот содржи системски мерки и конкретни активности и задолженија за министерствата и институциите. Оваа битка е заедничка и бара поддршка и вклучување од сите чинители.
Дозволете ми накусо да презентирам планираните мерки.
Анализите покажаа дека подигањето на нивото на дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор, има клучна улога во превенцијата од корупција, што е наша основана и елементарна задача.  Токму од таа причина се фокусиравме на креирање на системски мерки кои ќе придонесат за елиминирање на субјективното влијание во процесите и еднаква и правична примена на законите.     
Во рок од 30 дена Министерството за правда заедно со Јавното обвинителство од денеска се задолжени да направат анализа на потребните кадри, опрема, техника и простории, за истражните центри со цел да се зајакнат капацитетите на центрите, а со тоа и капацитетите на сите Јавните обвинителства. Дигитализацијата и екипираноста на истражните центри ќе го забрза процесот на решавање предмети. Мора да има брзо процесуирање и решавање на предметите.  Предметите не смеат да стојат во фиоки.

Со целосно дигитализирање на трите книги што ги води Управата за водење на матичните книги, граѓаните ќе можат електронски не само да аплицираат, туку на истиот начин и да ги добијат изводите и документите.

Нема повеќе непотребни чекања на шалтери за вадење на изводи од матичните книги. Дополнително, за да се подобрат услугите за граѓаните и фирмите, во полна функција се става Централниот регистар на население, каде што на едно место веќе ги има сите податоци за граѓаните кои се содржани во личните карти, пасошите, државјанството и од книгите на Управата. Затоа денеска Управата е задолжена за интегрирање на сите овие податоци и регистри. На овој начин ќе се укине процедурата за вадење на различни документи и изводи за било која постапка што му е потребна на граѓанинот. Институциите ќе имаа каде да проверат  и да ги добијат информациите  што им требаат, наместо граѓаните и фирмите секој пат од ново да вадат нов документ.

Конкретно ќе се бара само извод од Централен регистар на население, наместо сегашните копии од лична карта, пасош, државјанство, изводи од матична книга на родени  итн. За таа цел ќе се пристапи кон измена на десетина соодветните закони. 
На пример, при склучување на брак наместо три пати да се оди во Управата за водење на матичните книги, со реализацијата на овој концепт ќе се оди само еднаш, а потребните документи веќе ќе и бидат достапни на Управата преку Централниот регистар на население.      

Вака значително ќе се скрати времето на чекање за издавање на документите  и на изводите, ќе се забрзаат постапките кои ги водат граѓаните, ќе се изолира човечкиот фактор и евентуалната корупција и поткуп за вадење на документи. 

На денешната седница ги задолживме сите седум аниткорупциски надлежни институции, задолжително да се поврзат на Националната платформа за интероперабилност за седумте надлежни органи за борба против корупција, и ефективно да ја применуваат оваа платформа при  прибирањето на податоци за одреден случај. Платформата обезбедува навремена размена на податоци по електронски пат, за предмети поврзани со корупција, што е важно за ефикасни и брзи резултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција. Никој не смее да затајува и забавува случаи каде има сомнежи за корупција. 

Со подготовка на електронскиот софтвер за поврзување на сите 28 инспекциски служби, ќе се намали субјективното и селективно влијание на инспекторот за време на инспекцијата – човечкиот фактор ќе се сведе на  минимум. Софтверот ќе овозможи, електронска распределба на инспекциските надзори и следење на истите, електронско генерирање на записниците од извршените надзори на лице место додека трае инспекцискиот надзор, како и зајакната координација на инспекторите од различни институции.  Нема простор, за компромис и договор за инспекциски надзори, нема сопствена одлука во кој објект да влезе инспекторот или не – сите се еднакви пред законите, секој што ги прекршил, ќе сноси одговорност. 

Преку создавање на централна база за издавање на лиценци и дозволи,  точно ќе се знаат условите, која фирма каква лиценца има. Сите овие податоци ќе бидат јавни и транспарентни. На овој начин овозможуваме фер конкуренција во бизнис секторот.         
Исто така го формираме регистарот за доделување на државна помош на централно ниво. Се зајакнуваат контролните механизми околу јавните набавки. Сите јавни институции треба да подготват интерни процедури за спроведувањето на јавните набавки врз основа на соодветни модули и спецификации за јавни набавки. На овој начин ќе се подобри квалитетот на набавките и транспарентноста при склучувањето на договорите. За отстранување на сите детектирани слабости кои може да доведат до недоследно придржување кон начелата за јавни набавки, ќе се направат измени на Законот за јавни набавки. Ќе се зајакне Управната контрола за набавките да бидат спроведени согласно законот и да се спречат евентуалните ризици од корупција при спроведувањето на јавните набавки. 

Преку соодветни мерки ќе се актуелизира и примени конфискацијата на имот како системски механизам во борбата против корупцијата. За таа цел, во рок од три месеци МВР ќе подготви Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за 2021-2023. Паралелно ќе се формира Национална комисија, којашто ќе го мониторира имплементирањето на  Стратегијата, со што ќе се зајакне координацијата помеѓу надлежните институции за време на финансиските истраги во делот на следење на текот на парите, како и откривање на евентуално претопување, префрлање и прикривање на незаконски стекнатиот имот. 

Во целиот процес на превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрaција, за што во планот се предвидени десетици мерки. 

Администрацијата е лицето на државата, и задачите треба да се извршуваат ефикасно, транспарентно и одговорно, мора да ја вратиме довербата во сите институциите. Ги детектиравме слабите точки во постапките за вработување и унапредување на административните службеници и вработените во јавниот сектор. Во подготовка е имплементација на препораките од домашните и странски невладини организации, во насока на измена и промена на  прописите за административните службеници и вработените во јавниот сектор. Паралелно се подготвува и анализа на содржината и на спроведувањето на Етичкиот кодекс за административни службеници – најавуваме негова ревизија, подобрување и доближување до секој службеник. И секој службеник ќе знае дека носи одговорност. 
Бројот на членовите на УО нема да биде повеќе од 5 члена. При изборот на членовите на УО, квалификациите на кандидатот мора да кореспондираат со дејноста на институцијата, а не да бидат задоволувања на нечии лични потреби. Како последица на режимски наштиманите конкурси во минатото, сè уште се соочуваме со нелогични огласи во кои некој предвидел несоодветен кадар за соодветна институција. 
Сите институции мора  да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција. На овој начин ја подигаме свеста кај граѓаните и ги охрабруваме да пријавуваат  случаи на коруптивно делување. Во рок 30 дена назначените лица треба да бидат објавени јавно на веб-страните на институциите. 

За прв пат воведуваме единствен Регистар за службените возила, со кој строго ќе се регулира начинот на користење на службените возила, ќе се знае кој, кога и на кој начин го користи службеното возило. На овој начин ќе се спречи злоупотреба на службените возила за приватни цели. Стварите во државна и општинска сопственост, не се приватна сопственост, и тоа не смее никој да го злоупотребува.   Затоа го градиме овој систем и регистар.

Од овој месец започнува со работа Системот за следење на предмети и претставки преку отворање на нов повикувачки центар. За прв пат на едно место граѓаните и фирмите ќе можат да пријавуваат случаи на корупција,  ненавремно или несоодветно постапување од надлежните институции по однос на нивните поднесени барања. Со тоа овозможуваме администрацијата да работи навремено, професионално, брзо и во служба на граѓаните и бизнис секторот. Граѓаните и фирмите треба да ја препознаваат корупцијата и не треба да се плашат истата да ја пријават, затоа што никој не е над законот!

Поради утврдените недостатоци и недоречености во постоечкиот Закон, се пристапува кон измени на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, со цел да биде поприменлив и да придонесува за навремено откривање на корупција и судир на интереси. Ќе се допрецизира судирот на интереси во делот кој се однесува на вршење на две или повеќе јавни функции, наведување на сите лица кои треба да достават анкетен лист до ДКСК, проширување на надлежностите на ДКСК во делот на носење и  спроведување на Планот за интегритет  и друго. 
Ја подигаме свеста кај сите органи на државната управа, јавните претпријатија и јавните установи, да подготват Антикорупциска годишна програма, со прецизни активности кои опфаќаат анализа на ризични области за корупција, недостатоци во законите, евентуални причини и фактори за корупција како и  мерки за јакнење на алатките за транспарентност и отчетност. Ова ќе резултира со воспоставување на ефикасен систем на мерки кои ќе овозможат превенција и борба со корупцијата. Секоја институција основана од Владата во рок од 30 дена треба да изготви антикорупциска годишна програма.

И, кога велиме време е за ред, правда и дисциплина мислиме на ова. 
Влегуваме во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа.  Тоа е нашиот влог за довербата што ни ја дадоа граѓаните. 

Време за доследно почитување на законите, мерките, прописите и нивно доследно спроведување. Кој не почитува закон, ќе се соочи со закон, со одговорност. Ние и граѓаните сме сојузници во оваа борба, колку сме повеќе, толку ќе бидеме посилни и поуспешни. Ги повикувам неодлучните на чекор напред – да ни се приклучат.

За крај, ја користам оваа можност да упатам голема благодарност до граѓаните, целата меѓународна заедница, до нашиот стратешки партнер САД, до УСАИД, до ЕУ, до Советот на Европа, ДКСК, Платформата на граѓански организации за борба против корупција, Државниот завод за ревизија, „Транспаренси интеренешанл“ и на сите останати кои се вклучија и дадоа поддршката и за понудените предлози за подготовка на овој сеопфатен план.“