18/07/2024
Струга

Кривична пријава за жител од Октиси поради „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ц.П.(64) од с.Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 11.08.2021 во с.Октиси, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Н.Д.(48) од с. Октиси во неговиот двор и му се заканил со остар предмет, по што со тврд предмет ги оштетил неговите возила.