11/11/2025
Струга

Кривична пријава за нелегален такси превоз во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Ј.(54) од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

При контрола на магистралниот пат Струга-Ќафасан, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, при што констатирале дека со возилото врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.