06/10/2024
ОхридСтруга

МВР и МПС пред жителите на Кичево го објаснија концептот на полициско работење со заедницата

Отсекот за превенција при СВР Охрид денеска (08.04.2023) на градскиот плоштад во Кичево, ја спроведе заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“. Целта на овој превентивен проект е доближување на полицијата до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет. Во рамките на проектот, полициски службеници од отсекот за превенција и ОВР Кичево, на граѓаните им поделија едукативен материјал и низ непосредни разговори ја презентирана улогата на полицијата во заедницата, задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството која го гарантира редот, мирот, владеењето на законите.

На присутните им беа презентирани и опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење. Во изминатиов период, кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“ на територијата на СВР Охрид се реализира во Охрид и Струга, а во наредниот викенд, ќе се спроведе во Дебар.