14/01/2026
Македонија

Нестабилно време со обилни врнежи и пад на температурите кон крајот на неделата

Под влијание на нестабилна воздушна маса до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат над 20 l/m².

До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Во четврток и петок ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата.