09/12/2024
Македонија

Оздравени се 53 пациенти, потврдени 13 нови случи на КОВИД-19, вкупната бројка на дијагностицирани 1399, починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од КОВИД-19. По градови: Скопје 25, Куманово 13, Прилеп 5, Струга 1, Битола 4, Охрид 1 и Кочани 4. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 4, Куманово 5, Прилеп 2 и Тетово 2.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува, 1399 а последната дистрибуција по градови е следна:

  • Скопје 475
  • Куманово 376
  • Дебар 51
  • Штип 34
  • Прилеп 143
  • Тетово 75
  • Струга 64
  • Велес 66
  • Битола 19
  • Охрид 15
  • Кавадарци 5 
  • Гостивар 15
  • Гевгелија 4
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 5 
  • Радовиш 4
  • Крушево 3
  • Кочани 28
  • Пробиштип 2
  • Кичево 2
  • Неготино 4
  • Демир Хисар 1
  • Македонски Брод 2
  • Пехчево 1
  • Валандово 1
  • Виница 2

Направените 289 теста се преку: ИЈЗ – 226, Ветеринарен факултет – 9 , Авицена – 12, Биотек – 0, Филип Втори (Жан Митрев) – 0, Систина со PCR метода – 38 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 15.409 тестирања на КОВИД-19. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен 1 нов пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација. 

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се 7 пациенти, а со потешка клиничка слика уште 4. 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, а се следат вкупно 8 пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат 2 пациенти, а се следат уште 9. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на КОВИД-19.