Приведени две лица од тетовско за издржување затворски казни

На 10.05.2022 во 08.20 часот во тетовско Шемшово, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце, врз основа на судска наредба, го привеле И.Е.(67) од Шемшово за издржување на затворска казна.

Истиот ден, во 16.50 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Н.С.(52) од тетовско Камењане за издржување затворска казна.

Тие биле предадени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната..