14/01/2026
Струга

Приведени четири лица од Албанија поради кражба во продажен објект во Струга

На 12.12.2025 година, полициски службеници од ОВР Струга, во продажен објект во Струга, лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, од слобода ги лишија  А.Х.(52), Р.Х.(49), Р.Е.(49) и Р.А.(20), сите од Корча, Република Албанија. Тие се затекнати при вршење кражба на повеќе производи кои им се одземени и вратени на одговорните лица во објектот.

По целосно документирање на настанот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.