17/07/2024
Македонија

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години

Денеска (28.04.2023) во 10.30 часот на ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишија од слобода Х.С.(39) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.