Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три ипол години

На 11.10.2021 во 21.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода О.А.(27) од с.Грчец, општина Сарај, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од три ипол години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвро Идризово за издржување на казната.