11/11/2025
Македонија

Променливо облачно време со локални врнежи и пад на температурите

Следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Во вторник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време.