Пронајдена дрога кај 30-годишен стружанец, приведен e од криминалистичка полиција
Денеска (19.07.) во 00,50 часот, на улицата „Ѓуро Салај“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција од ОВР Струга, од слобода го лишија Б.Т.(30) од Струга, откако при извршен преглед, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
