Пронајдена марихуана кај жител од струшкото село Подгорци
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.(27) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.
