07/11/2025
Охрид

Пронајдени куршуми и чаури кај британски државјанин на охридскиот аеродром – лишен од слобода

На 30.07.2025 во 09.45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.Џ.Б.(40) од Велика Британија затоа што при гранични проверки, во неговата чанта биле пронајдени и одземени  три куршуми и четири чаури. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар Запад за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.