07/10/2024
Македонија

Регионална конференција, предизвици во рамките на одговорот на кризата кај бегалците и мигрантите во Западен Балкан

Државната секретарка и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција Магдалена Несторовска, денес се обрати на Регионалната конференција на тема „Предизвици во рамките на одговор на кризата кај бегалците и мигрантите во Западен Балкан“, во организација на здружението Легис, а имплементиран во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Воедно, поздравни обраќања имаа и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Мерсиха Смаиловиќ од здружението Легис.

На конференцијата беше презентиран наодот од компаративната анализа заснована на три извештаи, преку слични предизвици и позитивни искуства во обезбедувањето на пристап до здравствени услуги и права за бегалците и мигрантите од Западно Балканската рута. Во продолжение на конференцијата, во панел дискусијата учествуваше и претставник од Одделот за гранични работи и миграции при МВР.