Сообраќајна несреќа во Охрид, тешко повредена 61-годишна жена
На 10.10.2025 во 09:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосница од бул.„Туристичка“ со ул.„Стив Наумов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно патничко возило „фолксваген кеди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.И.(65) од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 61-годишната С.Д. од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
