Стружанец непостапувал според здравствените прописи за време на епидемија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.Д.(44) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за домашна изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.