10/11/2025
Струга

Стружанец од Враништа пријавен за нелиценциран јавен превоз

ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Ј.(54) од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола на магистралниот пат Струга- Ќафасан, полициските службеници го затекнале пријавениот како со возило „фолксваген пасат“ врши превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.