Стружанец приведен поради нелегален риболов и физички напад врз полициски службеници
На 27.10.2025 околу 00:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија до слобода Б.Б.(44) од Струга. Тој е затекнат со уште неколку лица при незаконит риболов во реката Црн Дрим, по што се обидел да избега, но бил фатен. Притоа, тој физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија, но бил совладан и приведен во полициска станица. За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Струга и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
