Тешка сообраќајка на патот Охрид – Ресен: Повредени двајца возачи
На 17.10.2025 во 13:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(58) од с.Речани, кичевско и товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(27) од с.Беранци, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П, а со телесни повреди се здобил возачот В.Б., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
