20/06/2024
Македонија

Учество на Магдалена Несторовска на состанок на Мрежата на координатори за борба против трговија со луѓе од Југоисточна Европа

Државната секретарка и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција денес учествуваше на состанок на Мрежата на координатори за борба против трговија со луѓе од Југоисточна Европа (ЈИЕ) со цел одбележување на двата јубилеи, 20-годишнина од Протоколот на ООН за трговија со луѓе и 10-годишнина од Мрежата на координатори за борба против трговија со луѓе од Југоисточна Европа.

Во нејзиното обраќање беа истакнати придобивките од постоењето на мрежата за борба против трговија со луѓе, спроведувањето на Протоколот на ООН за трговија со луѓе, важноста од споделување на национални добри практики и научени лекции помеѓу државите како и клучни достигнувања во областа.

Домаќин на настанот е романскиот Национален Координатор и Националната агенција за борба против трговија со луѓе кај лица (ANITP) со поддршка од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и Меѓународниот центар за миграциска политика и развој (ICMPD) кој е во улога на Секретаријат на мрежата. На состанокот поканети беа и Националните координатори од Грција и Франција.

Меѓународниот состанок во следните два дена ќе ги опфати темите адресирани на Протокол на ООН за трговија со луѓе и одговор на кривичната правда како и Влијанието на пандемијата COVID-19 врз трговијата со луѓе во ЈИЕ.