Централна изборна комисија на СДСМ: Процесот тече одлично, до 12 часот излезност од 46% на првите директни внатрепартиски избори

Прес-конференција на Централната Изборна Комисија на СДСМ, Викторија Мадиќ, претседателка на ЦИК на СДСМ

Почитувани,

Дозволете во името на Централната изборна комисија да информирам за досегашниот тек на првите директни внатрепартиски избори кои ги организира СДСМ.

Утрово во 08.00 часот, отворени се сите 237 избирачки места во сите 80 општини.

Процесот на гласање тече одлично, во сите избирачки места, без попречувања на изборниот процес, и без какви било застои.

Се почитуваат сите утврдени прописи за реализација на првите директни внатрепартиски избори како и сите мерки и протоколи за заштита на здравјето. Целиот процес е сосема безбеден за здравјето на сите учесници.

Од активно регистрираните вкупно 68.999 запишани членови во избирачки список, до 12.00 часот своето право го искористиле и гласале вкупно 32.198 членови.

Излезноста до 12.00 часот е 46%.

Ќе споменам неколку примери од различни општини:

Прилеп 54%

Тетово 47%

Штип 37%

Струмица 60%

Ресен 45%

Карпош 38%

Ѓорче Петров 43%

Кисела Вода 31%

Делчево 58%

Гостивар 36%

Битола 39%

Куманово 32%

Ова според нас е висок одѕив, имајќи предвид дека станува збор само за 4 часа од отворањето на гласачките места.

Гласањето трае до 19.00 часот, отворени ќе бидат избирачките места.

Вечерва, по завршување на процесот најавувам дека Централната изборна комисија ќе се обрати повторно до јавноста да соопштиме информации за текот на целиот ден а потоа и за првичните резултати.