29/03/2024
Македонија

Бектеши го претстави граѓанскиот буџет-во фокусот мерки за енергетска ефикасност, поддршка на туризмот и развој на енергетскиот сектор

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска одржа прес конференција за Буџетот за 2020 година.

Во продолжение интегралниот говор на министерот:

Министерството за економија работи на создавање на услови за развој на индустријата, развивање на претприемништвото, креирање и интеграција на единствен пазар во ЕУ, обезбедување енергетска стабилност и сигурност, истражување, експлоатација и одржливо искористување на минералните суровини, развој на туризмот со подобрување на стандардите на туристичката понуда.

Активностите на Министерството за економија се насочени кон продлабочување на мултилатералната и билатералната соработка, либерализиран трговски режим и создавање на соодветна регулаторна рамка во согласност со стандардите на ЕУ и барањата на СТО, развој на инвестициите и подобрување на конкурентноста на македонската индустрија, развој на енергетиката, регулирање на внатрешниот пазар, меѓународните трговски односи и промоција на извозот, искористување на природните ресурси, како и хармонизација на законодавството на Република Северна Македонија со законодавството на ЕУ.

Во таа насока работевме напорно изминатите неколку години, а токму во таа насока, пред се во делот на подобрување на животниот стандард на граѓаните ќе продолжиме да работиме и следната година.

Како што впрочем е предвидено и во Буџетот на Министерството за економија за 2020 година.

Буџетот на Министерството за економија во 2020 година е предвидено да изнесува 591 милион денари.

Од овие средства за плати и надоместоци за вработените во Министерството за економија како и за органите во состав (Геолошки завод, Агенција за енергетика, Агенција за поддршка на претприемништвото во РМ, Институт за стандардизација и Институт за акредитација) предвидени се 133.000.000 денари.

Следната година е предвидено да се изработат три стратегии за што се предвидени 44.130.000 денари.

-Стратегија за индустриска политика
-Бренд стратегија за туризам; 
-Активности за спроведување на стратегијата за општествена одговорност

Гледано по програми предвидени се средства за:

Субвенции за приватни претпријатија предвидени се 36.000.000 денари

Тука спаѓаат:

-Субвенционирање на трошоци на занаетчии за поддршка и развој на занаетчиството 
-Кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото во РСМ
-Субвенционирање на претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени
-Финансиска поддршка за воведување на ХАЛАЛ систем

Реализација на Програмата за заштита на потрошувачите за 2020година.

Во делот за разни трансфери предвидени се 130.340.000 денари

Тука меѓу другото спаѓаат:

-Субвенции за организирање на манифестации, проекти и во форуми во областа на туризмот
-Поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи
-Субвенционирање на општините за изработка на локални стратегии за развој на туризмот
-Субвенции на државата за купување на термални соларни колекторски системи во домаќинствата
-Субвенции на државата за купување на ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата
-Субвенции на државата за набавка на печки за греење на пелети за домаќинствата
-Субвенции на државата за доделување на премии
-Субвенционирање на вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата;

Најголем дел од поддршката на Министерството за економија е во делот на енергетиката.

Тука спаѓаат:

-Субвенции на државата за купување на термални соларни колекторски системи во домаќинствата 

Со цел стимулирање на користењето на сончевата енергија во Република Северна Македонија од 20007 до 2019 успешно ги спроведе активностите за реализација на стимулативните мерки преку надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства. За реализација на оваа мерка, во буџетот на Министерството за економија за 2019 година, беа одобрени 5.000.000 денари. Имајќи го во предвид позитивниот одзив и интерес кај домаќинствата за оваа стимулативна мерка, истата се предлага и за 2020 година.

Субвенции на државата за купување на ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата-25.000.000 денари.

Министерството за економија со цел стимулирање на користењето на мерката за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци во Р. Северна Македонија, на купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци и потребната инсталација, кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на Јавниот оглас, ќе им обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на ПВЦ или алуминиумски прозорци до 50 %, но не повеќе од 25.000 денари се до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за оваа намена.

-Субвенции на државата за набавка на печки за греење на пелети за домаќинствата-30.000.000 денари

Со цел да се стимулираат домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети со кои ќе се заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут.

За субвенционирање на вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за што се предвидени 20.000.000 милиони денари.
 
Се предвидува да се субвенционира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност. Со овој износ ќе бидат опфатени над 1. 000 возила на годишно ниво. Буџетот за следната година е зголемен за 5.000.000 денари.

За поддршка пак во туризмот се предвидени:

-Субвенции за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи

За следната година во Буџетот се предвидени 20.000.000 денари за издавање на потврди за работници со ниски приходи. Годинава речиси 1.600 граѓани ја искористија можноста за одмор. Министерството за економија дава поддршка за потврди за работници со ниски примања во вредност од 15.000 денари.

За следната година е предвидено зголемување на средствата во Буџетот во делот на гасификацијата:

– Буџетот за 2020 година е зголемен за 120.000.000 денари согласно барањето за обезбедување на финансиски средства за 2020 година од Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси (НЕР) Скопје во државна сопственост како субјект основан од Владата на Република Северна Македонија за реализација на проектот за изградба на гасоводен систем во Република Македонија потребно е да се обезбедат финансиски средства. Финансиските средства МЕР АД Скопје планира да ги обезбеди преку емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда.