29/03/2024
Македонија

Битиќи – Абазовиќ: Двете земји располагаат со големи природни богатства, коишто се претвораат во квалитетни производи

Утрово вицепремиерот Битиќи и потпретcедателот на владата на Црна Гора,  Дритан Абазовиќ, одржаа билатерална средба и заедничка прес-конференција на која што зборуваа за продлабочување на меѓусебната економска соработка преку искористување на капацитетите на двете земји. Вицепремиерот Битиќи особено се осврна на регионалната соработка за зголемување на конкурентноста на земјите од Западен Балкан.

„Регионалната  конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за просперитет на Западен Балкан. Регионална конкурентност наместо регионална конкуренција! Ова е нашата иднина.“ – истакна на заедничката прес – конференција Битиќи.

Битиќи и Абазовиќ се упатија во посета на компанијата „Тиквеш“, македонски бренд со успешна домашна приказна, но и амбасадор на македонското вино и надвор од границите на Република Северна Македонија. 

Вицепремиерот Битиќи и потпретседателот на Владата на Црна Гора Абазовиќ извршија обиколка на производствените капацитети на „Тиквеш“, каде што се запознаа со историјата на самата компанија, но и со технологијата на производството.

Во текот на посетата, Вицепремиерот Битиќи и потпретседателот на Владата на Црна Гора Абазовиќ разговараа и за потенцијални нови можности за соработка помеѓу двете земји, потенцирајќи дека и двете земји располагаат со големи природни богатства, коишто се претвораат во квалитетни производи кои можат да бидатконкурентни на регионалните, европските и светските пазари.