23/04/2024
Македонија

(Видео) 16 лица приведени за пустошење на шуми во прилепско

На 26.05.2022 на повеќе локации во место викано Борула, прилепско е спроведена координирана акција по Оперативна акција “Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување, со поддршка на ЈП Национални шуми и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми . Од слобода се лишени И. А.(35), С. А.(58), А. З .(27) Д. А. (25), Н. М. (26), М. А.(24), А. А.(41), Ш. З.(41), П. К(42)сите од Прилеп, како и седум малолетници.

Пронајдени и одземени се шест патнички моторни возила, натоварени со дрва.Одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни,кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП” Национални шуми”. По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 “Пустошење на шуми” од КЗ на РСМ. 

https://youtu.be/pTxtvFn6rr4