29/03/2024
Македонија

Владата ја одбележува 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Владата на Република Северна Македонија денеска го отпочна одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година.

Надворешниот соработник за одбрана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски со положување свежо цвеќе на споменикот во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, им оддаде почит на загинатите бранители Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско.

Во име на Владата, по повод две децении од загинувањето на десетмината армиски резервисти советникот Василевски вечерва положи цвеќе и на спомен обележјето во село Лениште по што владиниот претставник го посети манастирот „Св. Петка“, каде се одржа вечерна богослужба.

Чествувањето на загинатите бранители ќе продолжи утре со положување цвеќе на споменикот во месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово и оддавање почит на загинатите бранители пред комплексот Карпалак во центарот на Прилеп.