19/03/2024
Македонија

Владата ќе достави до Собранието Предлог-одлука за продолжување на рокот на кризната состојба за уште 6 месеци

Владата на Република Северна Македонија на денешната 123-та седница, којашто се одржа преку интернет комуникациска врска, го утврди текстот на Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Со оваа Предлог-одлука му се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните 6 месеци, односно до 9 јуни 2022 година.

Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија.