28/03/2024
Македонија

Влада: Од денеска две нови ленти на Табановце за влез во земјава, а лентата Отворен Балкан за камиони е во целосна функција

Денеска претставници на Владата на Северна Македонија и Стопанската комора на Северна Македонија предводени од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на комората Бранко Азески, придружувани од директорката на царина, Славица Кутиров и претставници на надлежните институции и агенции беа во посета на граничниот премин Табановце и одржаа работна средба за анализа на протокот на патници, возила, транспортери, стоки и производи и за преземање дополнителни мерки за побрзо пропаѓање на границата.

Во моментов интензивно се работи на олеснување на протокот во летниот шпиц кој е двојно поголем во споредба со јуни, а тројно во споредба со мај оваа година.

Со тоа две други ленти се целосно резервирани за транспортни камиони од кои едната за камионите на Отворен Балкан.

Во многу брз период ќе следуваа и поставување на светлосна ЛЕД сигнализација видлива од голема оддалеченост со цел возилата да ја заземаат вистинската своја лента и да нема потреба од менување ленти во шпицот со што нема да се создаваат тесни грла и застој при преминот.

Владата на Република Северна Македонија упатува благодарност до патниците и компаниите за соработката и трпението. Владата има целосно разбирање за состојбата во летниот шпиц и ќе продолжи да го олеснува преминувањето за сите граѓани.

Помеѓу земјите на Отворен Балкан ќе бидат обезбедени и дополнителни олеснувања и привилегии со крајна цел целосно отстранување на бариерите и границите.