25/04/2024
Македонија

Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик министерот за финансии Филип Николоски заедно со Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Едмонд Адеми, советник на Премиерот за надворешни работи денеска со положување на свежо цвеќе оддадоа почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во градскиот парк во Скопје.