25/04/2024
Македонија

Во дебарско пронајдени парцели со канабис од кој на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу 500.000 евра

На 27/28.07.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, во месноста Орман, атар на дебарското село Спас, во непосредна близина на границата со Република Албанија, по преземени мерки и активности, пронајдени се повеќе парцели засадени со канабис сатива.

Притоа, на парцелите биле засадени околу 500 стебла, од кои на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу половина милион евра, како и безжични камери и пумпа за третирање на растенија. По насока на Јавен обвинител, дел од стеблата се одземени и предадени за вештачење, додека останатите стебла се уништени. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.