29/03/2024
Македонија

Во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на иницијатива на Северна Македонија, Албанија и Србија

Во организација на Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во координација со кабинетите на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, а во соработка со стопанските комори од регионот, во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка кој е од исклучително значење.

На овој значаен настан ќе бидат присутни претставници на повеќе од 300 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија, од повеќе други земји од регионот, како и претставници од меѓународните институции кои пројавија голем интерес да бидат дел од овој Форум.

На настанот ќе биде објавено и новото име на регионалната иницијатива која досега беше неформално нарекувана како „Мал шенген“.

Програмата на Форумот опфаќа обраќања на лидерите на трите земји организатори на настанот, кои потоа ќе учествуваат на економскиот панел на кој за новата иницијатива и за непосредните придобивки од неа ќе разменат мислења претставниците на деловните заедници од Албанија, Србија и Северна Македонија.

На посебен церемонијален дел од програмата на Форумот, ќе бидат потпишани два меморандуми за разбирање и еден меѓудржавен договор кој во огромна мера ќе го олесни животот на граѓаните од Западен Балкан и на бизнис заедницата.

Економскиот форум за регионална соработка во организација на Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во координација со кабинетите на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, а во соработка со стопанските комори од регионот, ќе заврши со прес-конференција на лидерите на кои ќе бидат соопштени придобивките од Форумот, како и плановите за идните иницијативи.

Сите содржини од програмата на Економскиот форум ќе може да се следат на следните линкови: