19/04/2024
Македонија

Главниот координативен кризен штаб, со кој претседаваше претседателот на Владата на Македонија Оливер Спасовски ја одржа првата седница

Главниот координативен кризен штаб, со кој претседаваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, на кој присуствуваа заменичката претседателка во Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменичката претседателка во владата задолжена за економските ресори Мила Царовска, заменик претседателот во Владата и министер за политички систем и односи со заедниците Садула Дураки, заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, министерот за здравство д-р Венко Филипче, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за правда Рената Дескоска, директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.

На состанокот на Главниот координативен кризен штаб беа презентирани најновите информации од Комисијата за заразни болести, како и информациите од Центарот за управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување кои доаѓаат од целата територија на државата, и посебно од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со цел целосната координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата на Република Северна Македонија, која на вечерашната седница ќе одлучува по нив.