20/04/2024
Македонија

Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети, на сила се уште важи Одлуката за затворање на аеродромите

Би сакале да објасниме во однос на информациите што се објавуваат во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авио-превозниците што оперираат од „Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле во Охрид”.

Сакаме да потенцирме дека на сила сѐ уште важи Одлуката за затворање на „Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле во Охрид”.

Тоа значи дека сѐ додека не се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници.

Со оглед на настанатата состојба со вирусот КОВИД-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.

Сѐ до донесување на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервации на билети, сѐ со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци.

За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме.

Затоа, граѓаните доследно да ги следат сите информации што се објавуваат од Владата на Република Северна Македонија и ресорните министерства и институции и да се придржуваат до донесените мерки и препораки.