25/04/2024
Македонија

Делегација на Владата на Република Северна Македонија положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија што ја предводеше заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, придружуван од Стојанче Ангелов, национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, по повод државниот празник „23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба“.

Венци и букети свежо цвеќе на споменикот на идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев положија и делегации на Претседателот на Република Северна Македонија, на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на политичките партии, на повеќе државни институции, и делегации од дипломатскиот кор во земјата.